Македонија
Мијалков не учествуваше на Комисијата за надзор на работата на УБК и АР
Доцнењето на безбедносните сертификати, задоцнети преводи на албански јазик, мал број на седници и, според опозицијата, недоволно информации за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.
Ова се главните забелешки во заклучокот, кој што на денешната седница го усвои Комисијата за надзор над работата над УБК и АР.
Информации за тоа што содржеле извештаите на двете агенции, претседателот на Комисијата Бесим Догани не кажа, бидејќи биле државна тајна. Само истакна дека ги усвоиле извештаите и на двете агенции, иако опозицијата ја напушти седницата.
Вели дека забелешките на комисијата не произлегуваат од несоработката со Агенцијата за разузнавање, туку од техничките проблеми. На денешната седница учествуваше директорот на Агенцијата за разузнавање, Александар Боцинов но не сакаше да даде изјава по завршувањето на седницата. Директорот на ДБК, Сашо Мијалков не учествуваше во работата на комисијата, на негово место беше директорот на ДБК, Силјан Аврамовски.
На почетокот на седницата на комисијата, опозицијата ја напушти седницата со образложение дека нема да учествуваат на седница која според нив е само фарса. Се пожалија дека доцна ги добиле материјалите и програмата за работа на АР за 2009.
„Очигледно на оваа власт не и е потребна вистинска парламентарна контрола. Ним им се потребни закони од типот на Законот за електронски комуникации, со кои што ќе можат да ги кршат човековите права и слободи и достоинството на граѓаните. Поради тие причини сметаме дека не треба да учествуваме во ваквата фарса, ниту да бидеме алиби и соучесници во донесување на вакви извештаи“, рече Менде Диневски од СДСМ.
Претседателот на Комисијата, Бесим Догани вели дека извештаите за работата биле добиени многу порано.
„Според тоа ако зборувам како претседател на комисијата која го води ова тело, можам да кажам дека во поранешните години случаите биле уште полоши. Значи информациите биле уште позадоцнети. Оваа година според сите информации од службите, информациите се добиени навремено и навремено се разгледуваа“ рече Догани.
На денешната седница Комисијата за надзор над работата на УБК И АР, која е единствено цивилно тело што ја контролира работата на комисијата го усвои годишниот извештај за работата на Агенцијата за разузнавање во 2009 година и извештајот за работа на УБК за 2009 и предлог извештајот за работата на комисијата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

