Македонија
Охридската полиција заплени 60.000 пиротехнички средства
Во два одвоени претреси, вчера Криминалистичката полиција при Полициските станици од Охрид и Струга, пронајде и одзеде вкупно 61.029 најразлични пиротехнички средства наменети за понатамошна продажба, јавува Охридњуз.
По претходно добиени наредби од Истражен Судија, во домот на А.К.(40) од Охрид, пронајдени се вкупно 30.248 петарди од најразличен вид. Најголемиот дел од нелегално поседуваните пиротехнички средства биле сокриени во подрумските простории, помал дел во станот а по неколку пакувања се пронајдени во неговиот моторцикл, оставен на Плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во Охрид.
Во координирана акција, струшката криминалистичка полиција, во селото Подгорци, пронајде вкупно 30.781 парчиња пиротехника што нелегално ја поседувал Ј.И.((40) од селото Подгорци. Покрај петарди, во неговата гаража пронајдени се и 28 лансери со 623 пиротехнички ракети, 160 ракети на дрвен држач со висина од 40 до 100 цм и 338 ракети со должина од 50 до 100 цм.
Во борбата против нелегалните препродавачи на пиротехнички средства, само во текот на вчерашниот ден во Охрид и Струга, пронајден е и одземен арсенал од близу 70.000 најразлични пиротехнички средства.
Против сопствениците на објектите каде е пронајдена нелегалната пиротехника, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид./крај/охридњуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

