Македонија
СДСМ : Новата Влада на СДСМ ќе спроведе одговорни политики во здравството
Македонското здравство во 2010 година ги преживеа најтешките моменти досега во историјата под налетот на портокаловиот ураган, кој не водеше сметка за ништо пред себе на патот, рече Андреј Петров , генерален секретар на СДСМ.Тој додаде дека се намалени платите на здравствените работници, преку притисоците и заплашувањата што ги направила Владата на ВМРО -ДПМНЕ врз синдикатот.Петров меѓу другото рече дека од медицинската опрема којашто реално вреди 40 милиони евра, а власта ја набавила за 68 милиони евра, досега не е монтиран ниту еден компјутерски томограф или магнетна резонанца. „Оваа Влада е најлошата Влада во историјата на македонското здравство. Време е за одговорни политики во здравството, кои новата Влада на СДСМ ќе ги спроведе.“ рече Петров.„Министерството за здравство може да се согласи со ставовите и оценките на СДСМ, само доколку тие се однесуваат на состојбите во здравството пред 2006-та година.Токму немањето современа медицинска опрема, руинирани згради и огромното запуштање на здравствените објекти, намалените плати и долгите редици пред аптеките, го отсликуваат времето кога СДСМ беше владејачка партија и кога раководеше со здравствениот систем.“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека 2010 не само што успешно се заокружила целокупната процедура за набавка на нова медицинска опрема, туку веќе се пристигнати 90 проценти од опремата, која јавното здравство во Македонија никогаш досега ја немало и таа се инсталира во сите јавни здравствени установи./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

