Македонија
Заменик-министерот за земјоделство го посети повредениот повереник за тутун
Заменик министерот за земјоделство, Перица Ивановски, го посети тутунскиот повереник Стојан Митев, кој беше повреден во инцидент при откуп на тутун во струмичкото село Владевци, информираат од министерството
„Ова е инцидент кој не смееме да дозволиме да се повтори, особено што се работи за лице кое во проценката ги застапува интересите на тутунарите. Уште еднаш потсетуваме дека во рамки на Министерството за земјоделство се формирани и функционираат второстепени комисии за проценка на тутунот, составени од претставници на Министерството, земјоделските здруженија и откупувачите, до кои може да се обрати секој производител кој не е задоволен од проценката. Доколу се констатираат неправилности при откупот и проценката земјоделците за тоа можат да го известат и Државниот инспекторат за земјоделство“ рече по посетата заменик министерот Иваноски. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелираат откупот на тутунот да продолжи да се реализира во мирна и фер атмосфера, согласно законските прописи без било какви уцени и притисоци. Вчера повереникот Митев беше нападнат од двајца братучеди, незадоволни тутунари. Прво почнала вербална расправија меѓу вработениот и едниот тутунопроизводител, по што работникот во откупниот пункт на Струмица табак“ со стап удрил еден од братучедите. Тој се повлекол, но неговиот роднина со тупаници и дрво му возвратил на вработениот.Поради сериозноста на повредите, работникот од струмичката болница бил префрлен на скопските клиники.Полицијата најави соодветни пријави против учесниците во тепачката
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

