Македонија
Јанкуловска: Новогодишната ноќ без посериозни инциденти

Две тепачки, два пожари, неколку кражби и дваесетина сообраќајни несреќи е билансот од изминатата новогодишна ноќ, информираат од Министерството за внатрешни работи.Министерот Гордана Јанкуловска го посети дежурниот Центар за известување и командување при СВР Скопје, при што беше информирана за случувањата од изминатата ноќ. Според неа, таа поминала без посериозни инциденти.„Со задоволство можам да констатирам дека новогодишната ноќ помина мирно, во весела, радосна атмосфера, што значи дека граѓаните навистина прославуваа. На двете локации каде што најмасовно се прославуваше новата година, тоа е плоштадот и салата ‘Борис Трајковски’, нема никакви посериозни инциденти. Исто така, во текот на ноќта не беа регистрирани посериозни инциденти. Единствените настани кои беа регистрирани во текот на новогодишната ноќ беа две тепачки. Утрово имаше два пожари, неколку кражби и дваесетина сообраќајни несреќи, што споредено и со други денови на нормално функционирање и работење е бројка која е помала од вообичаеното и мене ме радува што имавме мирна и весела новогодишна ноќ“, изјави Јанкуловска. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.