Македонија
Трајановски:Годинава да ни биде поплодна и побериќетна
Се надевам дека оваа година ќе биде поплодна и побериќетна бидејќи првото бебе што се роди во 2011 е женско, вели Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје при посетата во Гинеколошко акушерската болница.
Тања Шипинкоска, мајката на првото дете кое се роди точно на полноќ вели дека девојчето ќе се вика Елена и немала никаков проблем при породувањето и е со уредна телесна тежина.
„Ја се породив во една минута по полноќ со госпоѓата на некој начин се натпреварувавме која попрво ќе се породи меѓутоа она беше побрза од мене, второто родено дете е машко и ќе се вика Андреј“, вели Ана Павлова Боровска.
Оваа година досега рамномерно се породиле шест бебиња од кои три женски и три машки. На првото бебе градоначалникот Трајановски му додели штедна книшка со 20.000 денари.
„Мајката има втора контролирана бременост најспонтано со започнување на Новата година се породи со уреден апескот. Сите шест деца во оваа година три машки и три женски се породени со уредна телесна тежина и стабилни витални параметри“, Сашо Јовески, директор на Гинекологија.
Минатата година биле породени 5.145 бебиња и претставува пораст во однос на 2008 година. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

