Македонија
Скопскиот градоначалникот Трајановски го посети првото бебе во 2011-та

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посети првото бебе што се роди во Скопје во Новата 2011 г.
„Се надевам дека оваа година ќе биде поплодна и побериќетна бидејќи првото бебе што се роди во 2011 е женско“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски, при посетата во Гинеколошко акушерската болница.Тања Шипинкоска, мајката на првото дете кое се роди точно на полноќ вели дека девојчето ќе се вика Елена и немала никаков проблем при породувањето и е со уредна телесна тежина од 3.8 килограми.„Јас се породив во една минута по полноќ со госпоѓата на некој начин се натпреварувавме која попрво ќе се породи меѓутоа она беше побрза од мене, второто родено дете е машко и ќе се вика Андреј“, вели Ана Павлова Боровска.Оваа година досега рамномерно се породиле шест бебиња од кои три женски и три машки. На првото бебе градоначалникот Трајановски му додели штедна книшка со 20 илјади денари. „Мајката има втора контролирана бременост најспонтано со започнување на Новата година се породи со уреден апескот. Сите шест деца во оваа година три машки и три женски се породени со уредна телесна тежина и стабилни витални параметри“, Сашо Јовески, директор на Гинекологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.