Македонија
Маневски: Случајот Вранишковски добива политичка содржина
Министерот за правда, претходно во вторникот рече дека нема да ја коментира одлуката на софисскиот суд Вранишковски да не биде екстрадиран, но во средата за Макфакс изјави дека таа не е во согласност со Европската конвенција за екстрадиција и дека со неа на случајот му се дава политичка содржина
„Тоа што Апелацискиот суд во Софија сослушал двајца наводни сведоци кои немаат апсолутно никаква врска со донесената пресуда на Основниот суд од Велес, на случајот му даваат претежно политичка а не правна содржина, што не е во духот Европската конвенција за екстрадиција“, вели министерот за правда Михајло Маневски во изјава за Макфакс.Барањето за екстрадиција на Вранишковски е поднесено за кривичното дело за кое велешкиот суд го осуди на казна затвор од две и пол години за проневра на 250 илјади евра, црковни пари. Министерот Маневски вчера рече дела нема да ја коментира одлуката на Апелацискиот суд во Софија се додека не добие официјално известување за одлуката.Вранишковски беше уапсен на 15 ноември на граничниот премин Колотина, на бугарско-српската граница.Апелацискиот суд во Софија вчера ја поништи одлуката на софискиот Основен суд и според неа Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија. Покрај тоа Апелацискиот суд ја укина и забраната Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно.За време на сослушувањето, софискиот апелациски суд сослуша двајца сведоци за делото, свештеник и калуѓерка. Тие раскажале дека на 24 февруари 2004 г. петмина вооружени и маскирани мажи упаднале во манастирот каде што живеел Зоран Вранишковски, расчинетиот владика Јован ги затвориле сите свештеници во една од келиите, ги собрале сите икони и им ги отсекле косите на калуѓерките.Сведоците раскажале дека потоа сите монаси биле извадени пред зградата,а петтемина вооружени го запалиле манастирот. Вранишковски според сведоците, бил уапсен а неговите следбеници биле протерани од манастирот во којшто и живееле. Одбраната на Вранишковски пред судот рекла дека ако тој биде вратен во Македонија, постои реална опасност прогонот против него и неговите следбениците да продолжи и неговата ситуација да биде потешка./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

