Македонија
Јубилеј од првата конститутивна седница на повеќепартиското собрание
Пред дваесет години на денешен ден се одржа првата конститутивна седница на повеќепартиското Собрание на Македонија. Првиот повеќепартиски парламент беше клучен за фактичкото спроведување на независноста на земјава затоа што беа усвоени темелните акти што го даваат државниот карактер. Го усвои Уставот и ги избра првиот претседател на државата Киро Глигоров и првата Влада предводена од Никола Кљусев. Конститутивната седница парламентот ја одржа под раководства на најстариот пратеник, Никола Стојановски од СКМ-ПДП, пензиониран лекар од Велес.По верификувањето на пратеничките мандати, следната задача беше изборот на собраниски претседател. На оваа функција со јавно гласање беше избран Стојан АндовПрвиот парламент ги донесе базичните конститутивни акти за независна Македонија и клучните закони и нормативни акти за нејзиното функционирање како демократска држава. Тоа се: Декларацијата за суверенитет на Македонија усвоена во јануари 1991 година, при што, пред гласањето, сите 17 политички партии колку што ги имаше во тоа време постигнаа консензус наспроти нивните идеолошки разлики и етнички програми; одлуката за референдум за сувереност и независност на Република Македонија донесена во август 1991 година; одлуката за независност на Република Македонија донесена во септември 1991 година; Уставот на РМ што беше изгласан во ноември 1991 година; Декларација за меѓународно признавање на РМ усвоена и објавена во декември 1991 година; Закон за одбрана изгласан во февруари 1992 година; Закон за Републички судски совет донесен во декември 1992 година; Закон за избор на претседателот на државата донесен во април 1994 година; и Закон за политички партии донесен во јули 1994 година.Овој парламент беше од круцијална важност за профункционирање на независноста на Република Македонија и нејзино целосно одвојување од југословенската федерација. В понеделник, на 10 јануари, во 12 часот парламентот ќе ја одбележи 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница на Собранието./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

