Македонија
Груевски очекува СДСМ да продолжи со поттикнување протести
Премиерот Груевски очекува и натаму протести од тутунарите, и смета дека тие се злоупотребени од СДСМ за да се создаде хаос, а притоа се доведуваат во опасност со непредавање на тутунот да не ја добијат ниту субвенцијата
„Знам дека во земјата има многу проблеми, правиме се’ што можеме да ги решиме, но не можам да оправдам ваков начин на работење, како во случајот со тутунарите, каде помал број луѓе беа искористени да им се вметне поголема група активисти на СДСМ за да ги подбуцнуваат и да блокираат гранични премини и патишта и истовремено да ги стават во ситуација да не си го предадат тутунот и заради тоа, можеби да ја загубат субвенцијата од 60 денари, која е највисока во историјата на државата“, рече премиерот Никола Груевски во саботатам.Тој постеести дека Кога беше СДСМ на власт, тутунарите не добивале субвенција во 2003, 2004 и 2005 г., туку во 2006 со протести издејствувале 15 денари.„Сега имаат 60 денари по килограм субвенција и овој проблем со кој реално се соочија, практично доаѓа од приватните компании кои треба да им го откупат тутунот а не од Владата. Но Владата и во овој дел дава поддршка на тутунарите и им помага максимално. Вицепремиерот Владимир Пешевски имаше серија средби со нив а инспекциските служби активно работат на терен и веќе се изречени голем број казни на откупувачите кои несоодветно сакаа да го откупат тутунот. Владата помагала и и понатаму ќе им помага на тутунарите и на сите други групи каде гледаме дека има неправда“, рече премиерот Груевски.Според него не е морално опозицијата на туѓата мака да собира политички поени и нагалси дека претставници на Владата имале и во иднина ќе имаат средби со тутунарите доколку има потреби за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.