Македонија
Груевски реформите ги гледа во нови закони
Реформите во државава за оваа година, премиерот Никоа Груевски ги гледа во донесување на 450 подзаконски акти и околу 60 нови закони поврзани со Европската унија.
Премиерот Никола Груевски најави дека уште во првиот месец од годинава треба да бидат завршени измените и дополнувањата на законите со кои драстично ќе се олесни вадењето на градежни дозволи, по примерот на Данска.Со студијата на Асоцијацијата на светската банка и Министерството за транспорт 23- те чекори за вадење градежна дозвола треба да се сведат на 6 или 7. „Има доста поплаки од долгата процедура за вадење на градежни дозволи, а тоа беше регистрирано и во извештајот којшто еднаш годишно го прави Светската банка, во кој Македонија прилично лошо стои, меѓутоа ако гледаме во сегменти, во делот на градбите има проблем што сме на многу ниска позиција, а тоа е најмногу заради долгите процедури за вадење на градежна дозвола“, вели Груевски. Владата предвидува оваа година да се завршат околу 450 подзаконски акти од кои околу 200 се во Министерството за земјоделие и околу 60 нови закони поврзани со ЕУ, закони кои не се директно побарани од Брисел.„Посебен осврт оваа година ќе имаме на реформите на јавниот сектор, јавната администрација, каде што веќе почна со забрзано темпо да работи комитетот за јавна администрација. Оваа година Министерството за информатичко општество, сега веќе и администрација, ја превзема таа улога на носител на реформите во јавниот сектор и почнуваме константно да имаме периодични средби со советникот од Словенија, со кого сме силно фокусирани на оваа сфера и очекуваме годинава да имаме познчителен напредок“ – рече ГруевскиГруевски истакна дека во 2011 година предвидени се реформи во делот на економијата, судството и во делот на земјоделието.„Се она што беше предвидено за проектите за ЕУ веќе е ставено во преден Акционен план, кој Владата го усвои, за којшто се предвидуваат голем број чекори. Меѓу нив и голем број на закони, но уште поголем број подзаконски акти, имајќи предвид дека Владата минатата година донесе огромен број закони и голем дел од нив имаат потреба да бидат доуредени со подзаконски акти“, додаде Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

