Македонија
Петковски ги спореди Орбан и Груевски, власта со осуда
Споредбата на практикувањето на власта од унгарскиот и македонскиот премиер, Виктор Обран и Никола Груевски, што ја направи пратеникот Тито Петковски покрена дебата меѓу пратениците на релација власт-опозиција.Петковски на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која беа претставени приоритетите на унгарското претседателство со Европската унија, направи споредба меѓу практикувањето на власта од страна на премиерите на двете земји, кои според него, се карактеризираат со контрола на медиумите, будење на национализмот, водење кадровска политика според партиска и роднинска припадност и контрола врз законодавната и локалната власт. За власта, ова е непримерна изјава, која наиде на жестоки осуди од нејзините припадници.„Сметаме дека е изјавата е непримерна, се оградуваме од неа и ја осудуваме. Очекуваме дека тоа ќе го направи и коалициониот партнер на господинот Петковски, Социјал-демократскиот сојуз на Македонија. Сметаме дека не е несвесно дадена изјава, туку свесно дадена во пресрет на продолжувањето на преговорите под покровителство на господинот Нимиц, заради тоа што доаѓа од човек којшто се залагаше за брзо решавање на спорот за името со Република Грција, и тоа без референдум“, изјави Васко Шутаров, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Петковски, во изјава за „Макфакс“ објаснува дека изјавата ја дал во контекст на неговите очекувања за унгарска помош во евроинтеграциите на Македонија. Смета дека Орбан и Груевски, како десно ориентирани политичари, можат меѓусебно да си помогнат. Не гледа ништо погрешно во неговата изјава.„Јас не гледам на кој начин може да наштети, јас говорев во прилог на одговорно владеење во однос на нашите интереси. Бидејќи, на крајот, заклучив дека само добри пријатели, како што во овој случај се десно-ориентирани партии во Македонија и Унгарија, политичари со десна политичка ориентација, на иста бранова должина, се разбираат, водат слични политики, можат меѓусебе да си помогнат. Во таа насока Унгарија може да и помогне на Македонија. Каде гледате тука скандал?“, вели Петковски. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

