Македонија
Транспорт и врски: Јакимовски манипулира со јавноста
За Министерството за транспорт и врски е нејасно зошто градоначалникот на една општина и покрај отворената врата за соработка и за искажување забелешки и коментари, чувствува потреба постојано да ги критикува сите поволни мерки на Владата, стои во реакцијата на изјавите на градоначалникот на Карпош
„Во однос на изјавата дека „на општина Карпош и досега и биле потребни 45,7 работни денови за издавање градежна дозвола“, сакаме да го повикаме градоначалникот на Карпош да го прочита последниот извештај на „Светска Банка“ за економскиот напредок на земјите во светот „Doing Business 2011“, каде во делот на „Издавање на градежни дозволи“ Република Македонија се наоѓа на 136 место од 183 рангирани земји во светот“, стои во реакцијата.Според министерството, со планираните мерки за олеснување на постапката за добивање одобренија за градење е предвидено укинување на решенијата за локациски услови и елаборатите за влијание на животната средина за објектите кои се наменети за домување, како и упростување на голем број процедури со што драстично ќе се намали времето на чекање, трошоците и бројот на процедурите.Министерството за транспорт и врски најостро реагира на изјавите на Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, дадени денес на прес-конференција во контекст на донесувањето Детален урбанистички план за поранешната касарна „Илинден“ во Скопје и најавените мерки за олеснување на постапката за добивање на градежни дозволи.„Со жалење можеме да заклучиме дека изјавата во која Јакимовски вели дека „заради недоволно податоци за сопственоста на парцелите не може да се распише јавна анкета“ не претставува ништо друго освен уште една манипулација со јавноста, од причина што согласно законските прописи, никаде не е наведено дека треба да се имаат целосни податоци за сопственоста.Ако Јакимовски се држи до неговите зборови, тогаш јавно го прашуваме: Зошто еднаш истиот овој ДУП беше поставен на јавна анкета и за кои Детални урбанистички планови до сега Јакимовски барал целосни податоци за сопственоста на сите парцели пред да ги даде на јавна анкета?“, стои во реакцијата на министерството .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

