Македонија
Наумовски очекува успешна година на легислативен план
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, очекува 2011-та да биде успешна година во однос на прилагодувањето на македонското со европското законодавство. Соопшти дека фокусот ќе биде усвојување на подзаконски акти, додека во однос на законите се очекува владата да усвои вкупно 62, за разлика од ланските 106 усвоени закони.„Фокусот на македонската влада и институциите во текот на 2011-та година ќе биде усвојувањето на подзаконските акти. Исто така, во текот на 2011-та Владата на Република Македонија во својата програма за хармонизација на законодавството планира 62 закони кои што треба да бидат подготвени и усвоени од страна на Владата, како и над 400 подзаконски акти кои што произлегуваат од законите од 2010-та и од 2011-та година“, изјави Наумовски.Вицепремиерот информираше дека заминувањето на 10 вработени од Секретаријатот за европски прашања, со кој тој раководи, во Министерството за информатичко општество, е во рамки на доделувањето на нови надлежности на ова Министерство во однос на јавната администрација. „Оние вработени кои што беа распоредени по повеќе институции, сега се концентрираат во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што ќе можат да ги спроведуваат своите работни задачи. Во однос на вработувањата, во Секретаријатот за европски прашања за оваа година сè уште нема план за нови вработувања“, изјави Наумовски. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

