Македонија
Дури 38 кражби во Велес од почетокот на годината

Бурен почеток на 2011 кога се во прашање кривичните дела и кршењето на законските правила во Велес. Во првите недели од годинава надлежните од велешката полиција регистрирале дури 38 кривични дела. Најголем процент од нив се кражби или вкупно 24, од кои шест со квалификација тешка кражба каде арамиите совладале препрека за да стигнат до пленот. За празниците во градот статистички најмногу се краделе работни машини,техничка стока, мобилни телефони, златен накит, метални предмети со акцент на бакарот и нафта.Надлежните сеуште немаат конечна бројка колкава е материјалната штета од кражбите ,но според нив сумата не е занемарлива.Во извештајот на СВР Велес испратен до медиумите стои дека во овие две недели полицијата регистрирала и девет кривични дела оштетување туѓи предмети, две телесни повреди и напад врз службено лице додека извршувало работи поврзано со безбедноста на граѓаните.Од полицијата велат дека годинава не се забележани многу пријави ноќта за дочекот на Нова година, нешто што во минатото беше редовна појава затоа што крадците го користеа фактот дека граѓаните се излезени од нивните домови. /крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вицепремиерот Николоски од денеска во работна посета во Франција, во фокусот унапредување на економската и трговска соработка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфрастрктурни проекти како дел од регионалниот развој, а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија.
Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски предвидено е да се сретне со високи претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Министерството за економија и финаисии.
Исто така ќе оствари средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.
Во текот на утрешниот ден предвидено е да оствари средба со министерот за транспорт, Филип Табарo.
Во рамки на постета во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство.
Македонија
Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг

На покана на Генералниот секретар на НАТО, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе учествува во работата на Самитот којшто денеска и утре се одржува во Хаг, Кралството Холандија.
Во состав на државната делегација предводена од претседателката ќе бидат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Во фокусот на Самитот се очекува да биде предлогот на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП.
На маргините на Самитот претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерални средби со претседателите на некои од земјите членки на НАТО.
Македонија
Извештајот на Вајц за напредокот на Македонија денеска пред европратениците

Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц.
Извештајот првично требаше да се најде на дневниот ред на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц. Тогаш тој нагласи дека посведочил интензивни политички дебати околу извештајот, но апсолутно стои зад документот. Потенцира дека се работи за извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија, кој нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека имало обиди да се нанесе удар на македонскиот идентитет, преку внесување на изрази како „модерен“ или „сегашен“ македонски јазик, но тие удари успеале да ги амортизираат.
Седницата на Комитетот за надворешни работи почнува во 9 часот, а извештајот на Вајц е првата точка на дневниот ред. На усвојувањето на извештајот најмногу се противат бугарските европратеници. Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев изјави дека извештајот нема меѓународно правно обврзувачка природа, а Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот и јазикот.