Македонија
ТМ го презентираше декемврискиот извештај
Транспарентност Македонија (ТМ) денеска го презентираше извештајот за декември во кој предупредуваат за корупција во седум случаи.
Разрешувањето на судиката Виолета Дума, според ТМ е неумесен и арогантен притисок врз независноста на судството од страна на министерот Михајло Маневски.
„Врховниот суд и Судскиот совет без ни малку срам и грижа на совест сега и отворено покажаа дека се само обична алатка на извршната власт и политиката. Прозвани од министерката за внатрешни работи и владејачката партија, тие влегоа во офанзива да го урнат она што остана од самостојноста и независноста на судството во Македонија“, рече Ана Јаневска – Делева од ТМ.
Што се однесува на последниот избор на судии направен во месец декември, од ТМ констатираат дека ниту еден од новоизбраните судии не ги исполнува ни делумно критериумите предвидени со новиот Закон за судови, а кои ќе започнат да се применуваат во 2012 година.
„Доколку целта на предлагачот на Законот – Министерството за правда била подобрување на квалитетот на судиите, зошто тогаш овие критериуми се предвидува да важат од 2012 и зошто Судскиот совет не направи напор да бидат избрани судии кои барем делумно ги исполнуваат строгите критериуми утврдени за во иднина“, вели Јаневска – Делева.
Според извештајот на ТМ делувањето на Државната комисија за спречување на корупција е недоследно и селективно.
„За ДКСК постојат привилегирани и недостапни функционери. Тоа особено се однесува на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој уште при именување на таа функција не се одважи да ја исполни својата законска обврска. Тоа го стори со големо задоцнување, а ДКСК не го санкционираше со прекршочна пријава и барање за испитување на неговата имотна состојба и покрај тоа што беше должна така да постапи“, образложи Јаневска – Делева .
ТМ ги повикува Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, МВР и УЈП итно да го расветлат случајот „Медиа принт Македонија“, за како што велат да се спречат понатамошните шпекулации и политички манипулации. Тие го повикуваат јавното обвинителство да поведе истрага за неизвршување на должностите од страна на раководни лица во МВР и УЈП, бидејќи иако било реагирано за овој случај уште пред две години од ТМ тврдат дека тој не решен.
За случајот „Хонорари за Министерката за култура“ ТМ го повика премиерот Никола Груевски да ја разреши министерката Елизабета Канчевска-Милевска.
Во извештајот се наведени и измените на Законот за државна администрација, со кои според ТМ се отвораат дополнителни можности за партизација на државната администрација.
ТМ во извештајот укажува и на пресудата за пратеничката Весна Бендевска, и прашуваат кој ќе сноси одговорност и како ќе се надомести штетата врз неа доколку се докаже дека нејзините укажувања биле оправдани./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

