Македонија
Ветераните незадоволни од финансирањето и структурата во одбраната
Пензионираните армиски генерали се незадоволни од намалувањето на финансиите за војската, како и од намалувањето на воениот персонал во одбраната, вели генералот Илија Николовски, претседател на здружението на ветерани од одбраната и безбедноста. Своите забелешки членовите на ова здружение денеска му ги изнесоа на Претседател и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов на средба иницирана од нив. Иако сметаат дека одбрана е област каде што земјата најмногу постигнала во реформите, сепак велат дека тие не треба да се прават со намалување на финансиите и кадарот, туку со модернизација на опремата. „Јас лично и мои колеги не сме задоволни со структурата на силите. Мислиме дека бројната состојба на мирновремениот и воениот состав на армијата е недоволен и цениме дека во овој момент треба да има поголема бројна состојба од онаа што е планирана, затоа што Република Македонија сеуште не е во НАТО, таа е членка на Партнерството за мир, а тоа значи дека никој не одговара за безбедноста на Република Македонија. Во една таква ситуација цениме дека ова е недоволно и затоа треба повеќе средства да се издвојуваат и бројната состојба да биде поголема. Со други зборови, јас под реформи не подразбирам само скратување на бројната состојба, туку под реформи подразбираме и опремување на армијата со современа опрема. Ние од друга страна го скратуваме воениот дел, а од друга страна во Министерството за одбрана, во канцелариите нема место каде да влезете, цивилниот дел го зголемува“, вели пензионираниот генерал Николовски.Тој посочи дека иницирале средбите како денешната со претседателот Иванов редовно да се одржуваат. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

