Македонија
КСС: Јакимовски е единствената пречка за армиските станови
Градоначалникот на општината Карпош Стевче Јакимовски е единствениот што го блокира проектот за изградба на армиски станови во касарната „Илинден“, обвини денеска Конфедерацијата на слободните синдикати (КСС).Како што појасни на денешната прес конференција лидерот на КСС Раско Мишковски, дури и членовите на советничката група на СДСМ дале зелено светло за проектот.„Го повикуваме градоначалникот на Карпош, со сите расположливи механизми, во најкраток временски период да овозможи продолжување на реализацијата на исклучително значајниот проект за изградба на станови за припадниците на АРМ“, изјави Мишковски.Тој додаде дека овој проект е значаен за секој припадник на Армијата, но истовремено е значаен и за стопанството, стопанскиот развој, градежниот сектор и општините. „Станува збор за нешто што е позитивно за целата држава и затоа не треба истото да биде блокирано од било која страна“, вели Мишковски. Според него, претставниците на Самостојниот Синдикат на вработените во одбраната (ССВО) подолг период бараат прием, кај градоначалникот на општина Карпош, кој не само што ги прима, туку и ги навредувал.„Апелираме членовите на ССВО и останатите синдикати членки на КСС, никој политички да не ги етикетира, затоа што овие луѓе во повеќе наврати покажале дека политиката нив не ги интересира“, рече Мишковски. Јакимовски неодамна изјави дека проблемот е во тоа што општината имала добиено податоци од катастарот за парцелите на сопствениците на земјиштето во касарната, но има парцели чии сопственици не биле идентификувани.„Тоа не се доволно податоци за нас за делот од парцелите, за да можеме да ја знаеме точната идентификација на земјиштето за да ги известиме сопствениците дека таму се работи урбанистички план. Тоа значи дека општината Карпош во наредниот временски период ќе пристапи кон изложување на свој трошок на изложување на овие 25 парцели за да се изложи земјиштето и за да се утврдат сопствениците, односно заинтересираните странки на тој дел од општината“, рече деновиве Јакимовски. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

