Македонија
Ново психијатриско вештачење за тројното убиство во аеродором во Скопје
Судскиот процес против Тони Денковски кој уби тројца во ресторан во Скопје денес продолжи со распит на сведоци. Се сослушуваше вработен во ресторанот Биг фиш каде што се случи убиството и девојката која седела на масата со убиените. Двајцата имаа контрадикторни сведочења. Вработениот тврдеше дека имало кавга и навреди меѓу Денковски и убиените, а девојката кажа дека се било мирно и никој со никого не се скарал. Тврдеше дека Денковски бил смирен кога влегол во кафеаната со пушката и никој не претпоставувал дека ќе убива.Потоа беа сослушани и сопругата и ќерката на Денковски кои потврдија дека не знаеле дека Тони имал закани од убиените. Тие претпоставувале дека нешто се случува затоа што по неколку телефонски разговори се однесувал чудно и настојувал децата секогаш да бидат дома или во дрштво со некој.Беше сослушана и психијатарот која направила вешачење и утврдила дека во моментот на пукањето Денковски бил свесен и пресметлив. По барање на одбраната судот нареди да се направи уште едно вештачење.Денковски лани на почетокот на септември со автоматско оружје ги уби Јордан Јорданов кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и Владо Милошев вработен во Шестта управа во МВР. Влегол во рибниот ресторан каде тројцата седеле на иста маса и ги изрешетал, по што побегнал од местото на убиството. По неколку дена сам се пријавил во полиција. Од тогаш мотивот за убиството никој не го соопшти, а Денковски во истрага молчел.Според првичните сознанија на истрагата се работело за голем долг кој Денковски не можел да го подмири заради што имал големи притисоци од убиените.Во текот на судкиот процес Денковски трвди дека бил под притисок и закани за животот на неговите деца и токму поради тоа пукал. крај/к.м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

