Македонија
Вељановски закажа седница за тутунарите на 18. јануари
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски закажа седница на 18. јануари, на која ќе се расправа за проблемите со откупот на тутунот.
Пратеничката група на СДСМ заедно со пратениците на Нова Демократија, НСДП, ЛП и НА денеска до Собранието поднесоа информација за состојбите со откупот на тутунот и побараа итна собраниска седница на која ќе се расправа за решавање на проблемот на тутунарите.
И ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата на СДСМ за собраниска седница.
„Зад пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ стојат аргументи, кои го потврдуваат фактот дека оваа влада обезбеди највисоко ниво на субвенции за тутунопроизводителите од 60 денари по килограм тутун, или фактот дека во текот на минатата година беа исплатени вкупно 23 милиони евра субвенции за тутунопроизводителите, за разлика од 0 денари поддршка за тутунарите во мандатите на СДСМ. Ние сме свесни дека СДСМ ги злоупотребува тутунарите. Луѓето на СДСМ им се закануваат на тутунарите и вршат притисоци, за да не го предадат тутунот,изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ“, Александар Бичиклиски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

