Македонија
Кичевската касарна ќе добие нови објекти

Кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме“ ќе добие нови објекти за потребите на 2-та механизирана пешадиска бригада и единиците кои се лоцирани во оваа касарна.Предвидено е министерот за одбрана Зоран Коњановски свечено да ги пушти во употреба амфитеатарот, конференциската сала, кабинет и училница за изучување на англискиот јазик, библиотека, Македонска (етно) соба и нова спомен соба.Со новите објекти припадниците на АРМ, како што информираат од Министерството за одбрана, ќе бидат во можност уште подобро да ги организираат и извршуваат штабните работи и редовните задачи, при што покрај новиот кабинет за изучување на англискиот јазик, од посебно значење е новата библиотека која е предвидено да располага со поголем фонд на стручна литература и белетристика. Во новата спомен соба ќе бидат изложени зачувани документи и артефакти од Народно-ослободителната борба и бригадите на НОВ на Македонија од Битолскиот, Охридскиот и Кичевскиот регион, додека новата етно-соба ќе биде исполнета со етно-содржини од регионите кои се наоѓаат во зоната на одговорност на 2-та механизирана пешадиска бригада.На отварањето на објектите покрај министерот за одбрана Коњановски се очекува да присуствуваат и: Заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, Советникот на НГШ на АРМ генерал-мајор Зоран Димов, Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Киро Галазовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, како и претставници на локалната самоуправа од општините кои се наоѓаат во зоната на одговорност на оваа бригада. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Локални избори: На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци.
Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа.
Заклучно со 9 септември, увид извршиле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени. Осум лица поднеле барање за запишување во Избирачкиот список, 136 за бришење, а 59 за промена на податоците, најчесто поради промена на адреса или презиме.
Изборната кампања за Локалните избори почнува на 29 септември, а гласањето ќе се одржи на 19 октомври.
Македонија
Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.
Македонија
Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот град се чувствува силен непријатен мирис, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Соопшти дека и вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а ќе бидат дополнително засилени рано наутро.
За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, најави Ангелов.
Преходно денес беше соопштено дека пожарот на депонијата „Дрисла“ се гасне со затрупување на најкритичните делови.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е потпален, а како причина за тоа ги наведе физичките процеси на распаѓање на отпадот, кога се ослободува метан – штетен гас кој е лесно запалив, поради што Мицкоски вели дека е доволен само еден отпушок за да се предизвика пожар.
Граѓаните од главниот град вечерва се жалат на миризбата надвор која им предизвикува отежнато дишење. Ситуацијата, според мерните станици, особено е алармантна вечерва во Аеродром и во Ново Лисиче.