Македонија
Матичниот лекар ќе дава специјалистички наместо болнички упат
Со новиот концепт за упатување на пациентите низ здравствениот систем, матичниот лекар наместо болнички ќе препишува специјалистички упат до најбилискиот специјалист во здравствените домови, болници или приватни здравствени установи кои имаат договор со ФЗОМ
Ова е концептот што го презентираше денеска министерот за здравство Бујар Османи за кој вели дека ќе се покаже како поефикасен, побезбеден и стабилен здравствен систем, а се очекува да почне да се применува околу 1 март.Како што кажа министерот Османи, секој специјалист од министерството за здравство има добиено листа на услуги, врз основа на која ќе го испрати пациентот до најблиската акредитирана установа која ги пружа потребните услуги.„Со овој концепт ќе се растовари Клиничкиот центар и ќе се намалат трошоците на пациентите. Ние не го ограничуваме правото на пациентот каде ќе се лекува, туку го усмеруваме правецот на неговото движење“, рече Османи. Министерот Османи смета дека ваквиот принцип ќе биде олеснето движењето на пациентите низ здравствениот систем а услугите ќе се добиваат наврмено.Тој додаде дека државата за прв пат ќе гарантира дека ниту еден пациент нема да биде пратен во здравствена установа која не може да му ја обезбеди потребната услуга.Овој модел, како што кажа Османи, ќе ги растовари универзитетските клиники и ќе се рационализира користењето на ресурсите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

