Македонија
Починатата осумгодишна Марија била во тешка општа состојба
Малата Марија Георгиевска која почина пред околу три недели на Инфективната клиника во Скопје била примена во многу тешка состојба и покрај спроведената интензивна антимикробска и вуростатска терапија, девојчето паднало во септичен шок кој манифестира засегање на сите органи.
Со ваква информација излезе денеска Комсијата за втор стручен надзор над лекарскиот третман на пациентката Марија Георгиевска.
„Направени се анализи и според лабораториските испитувања извршени на Институтот добиен е позитивен резултат на инфлуенца Б, кај осум годишната Марија“, рече Д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Аспанзија Софијанова од Детската клиника, која е член на Комисијата рече дека детето било претходно лекувано со антибиотик што значи дека постоел проблем кој се јавил неколку дена пред смртта, а добиен е податок од матичниот лекар дека имало подлога за инфекции кај девојчето. На претходно заразната подлога, се влошила состојбата кај детето.
Софијанова објасни дека врз основа на сознанијата добиени од матичниот лекар за чести горнореспираторни инфекции кај пациентката и по основ на медицинска документација утврдено е дека се работи за тежок тек на болеста со смртен исход.
Осум годишната Марија беше хоспитализирана на Инфективната клиника на 24 декември каде почина наредниот ден, а бидејќи нејзиното семејство беше незадоволно од првиот извештај, министерот за здравство Бујар Османи нареди да се повтори стручниот надзор./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

