Контакт

Македонија

Лидерите согласни дека спорот со името останува пречка за интеграциите

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Лидерите на најголемите политички партии и претседателот на државата Ѓорге Иванов на денешната средба во Јасен разговарале за спорот со името и притоа размениле мислења и споделиле информации за актуелностите поврзани со ова прашање.За позицијата на Македонија во спорот со името, Иванов истакна дека  таа е позната и секаде искажана, односно оти решението треба да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции. „Секое излегување од таа рамка, посегнување по нашиот идентитет, отворање на прашањето за името на нашиот јазик, на некој начин го попречува наоѓањето решение. Затоа ние секогаш на Нимиц му ги кажуваме нашите ставови дека мора да се држиме во рамките на резолуциите на ОН и тогаш е можно да се најде заемно прифатливо решение кое навистина ќе ги деблокира клучните процеси за нас“, изјави Иванов.За македонско-грчкиот спор Иванов најави дека ќе расправа и државниот врв.„За прашањето за името ќе расправа и државниот врв на средба на која амбасадорот Зоран Јолевски ќе информира за евентуално нови моменти во пресрет на средбата со посредникот Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк“, изјави Иванов.Премиерот Никола Груевски на средбата информирал за средбите со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу. „Укажав на тоа дека другата страна се уште го оспорува македонскиот јазик и македонскиот идентитет и не се согласува тие да бидат признаени како такви во рамките на ОН и сите други институции. Се укажува дека доколку ние од тоа не се откажеме тие не би можеле да гласаат позитивно за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ односно за членство во НАТО“, истакна Груевски.Според него таквиот грчки став е сериозен проблем и посочи дека сите политички партии имаат исто мислење по прашањето за идентитетот.Премиерот рече дека оваа година посакува зачестени разговори и прифатливо решение кое би можело да се стави на референдум, но оти нема никакви најави.„Сега немаме најава дали ќе има позачестени или поретки разговори. Во секој случај доколку и другата страна даде согласност на Нимиц, што веројатно нема да биде лесна работа, да имаме позачестени средби, ние тоа би го поздравиле“, изјави Груевски.На прашањето дали ќе има референдум за името, Груевски рече дека тоа зависи од доаѓањето до одредено решение.„За да има референдум треба да има некакво решение или барем некаков сериозен предлог кој би се ставил на референдум за да може граѓаните да се изјаснат. Во овој момент немаме предлог од господинот Нимиц којшто во најмала рака барем би бил прифатлив за Грција, а потоа да видиме и дали за нас е прифатлив за тоа да може да се стави на референдум. Услов за референдум е да имаме некаков сериозен предлог“, нагласи Груевски. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, изјави дека тие ќе прифатат било какво решение што ќе го договори Владата, а кое нема да задира во националниот идентитет на државата.Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека ги разгледале сите можни опции за спорот.Неговиот став е дека преговорите треба да се одвиваат во рамки на ОН преку медијаторот Метју Нимиц и оти САД треба поактивно и подиректно да се вклучат во решавањето на ова прашање.Лидерот на Нова демократија Имер Селмани, пак, смета дека решението за спорот за името со Грција не е на повидок.И според него потребно е вклучување на САД во процесот на изнаоѓање решение.На средбата во Јасен иницирана од претседателот Иванов, лидерите се согласиле дека спорот со името е главна пречка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија3 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија10 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија10 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија10 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија11 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија11 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија11 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија13 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија13 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија14 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет15 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет16 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет16 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет17 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет17 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет17 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет17 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...