Македонија
Регистрирани 4.120 болни од грип
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје регистрирани се 4.120 случаи со симптоми на грип во државата, соопшти денеска Министерството за здравство
Најголем број од болните се регистрирани во Скопје-892, Кавадарци-529, Битола-573, Куманово-462, Тетово-290, додека се уште нема пријавено случаи во Неготино, Берово, Виница, Пехчево, Крушево, Македонски Брод и Гостивар.Најмногу заболувале децата од 0 до 4 години, па потоа следува возрасната група од 5 до 14 години, а помалку заболуваат од 15 до 64 и најмалку над 65 годишна возраст, велат од министерството.Во Институтот за јавно здравје испитани се 125 примероци од пациенти со симптоми на грип, од кои 4 се позитивни на А (Х1Н1), 32 биле позитивни на тип Б, додека останатите примероци биле негативни.Оценка на Комисијата за пандемски грип е дека во моментот ситуацијата не е загрижувачка, но постои можност за зголемување на бројот на заболени поради сезонскиот карактер на грипот. Тие како препорака ги потенцираат општите превентивни мерки, како што се одржување на лична хигиена, користење марамче при кивање и кашлање и избегнување контакт со заболени лица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација на и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

