Македонија
Фуере: Сè уште постои политизација во јавната администрација
Евроамбасадорот Ерван Фуере вели дека сè уште постои политизација во јавната администрација
Оваа забелешка евроамбасадорт Ерван Фуере ја искажа на денешната завршна конференција на проектот финансиран од Европската унија за техничка поддршка на Агенцијата за државни службеници и зајакнување на имплементацијата на националниот систем со координација на обуки.„Во присуство на министрите би сакал да упатам јавен повик, самиот дух на реформата на јавната администрација, документите, законите и подзаконските акти во целост да се почитуваат. За жал, откако се презентираше извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, имаме сознанија дека има вработени кои сè уште се преместуваат од едно на друго место, се оставаат понастрана во рамките на јавната служба поради политизирање во службата“, рече Фуере.Тој изрази надеж дека ваквите слабости ќе се корегираат бидејќи, како што истакна, јасна е потребата за да се зајакне јавната администрација и капацитетите на јавните службеници.„Сакаме да испратиме апел оваа пракса да престане, со цел јавната служба и државните службеници да имаат една сигурност и континуитет кои, пак, понатаму ќе ја зацврстат мотивацијата на државните службеници и ќе осигура ситуација во која тие ќе одговараат на потребите на граѓаните“, рече Фуере.Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски истакнаа дека огромен интерес на Владата е реформата во државната администрација.„Би сакал да истакнам дека од огромен интерес на Владата е напредувањето во кариерата на државните службеници кои што ги следат овие одлуки, што значи дека сите овие државни службеници кои што ќе бидат приклучени во рамките на овие и други проекти ќе бидат клучните државни службеници коишто ќе ја понесат одговорноста во понатамошниот процес на приближување на државата кон Европската унија“ рече Наумовски.Ивановски вели дека максимално ќе се вложат и дека ќе ги оправдаат средствата од ЕУ.Процесот на реформата на јавната администрација е важен предуслов за интеграција во Европската унија. Овој стремеж наложува соодветни стратешки одлуки и деловно – административни капацитети, односно способност за конкретно спроведување на квалитетно домашно законодавство кое е усогласено со законодавството на Европската унија, што претставува клучен предуслов за идно членство во ЕУ“ рече Ивановски.Министерството за информатичко општество од 1 јануари е задолжено за спроведување на стратегијата за јавна администрација, за која Фуере истакна дека ја очекува со нетрпение за да оценат дали ги отсликува нивните предлози и препораки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

