Македонија
Почнува повтореното судење за случајот „Изгрев“
Во Основниот суд 1 во Скопје за два часа ќе почне повторената судска постапка за случајот „Изгрев“ за кој одговараат струшките браќа Миладинови. На струшките бизнисмени Димитар и Ѓорѓи Миладинови 20 месеци им се судеше за перење пари и измама со кредит околу хотелот „Изгрев“, по што добија прво затворски казни од по шест и пол години. Но пресврт во случајот се случи кога на седница на Апелациониот суд вишиот јавен обвинител побара укинување на пресудата и ослободување на браќата поради немање докази, погрешно водена судска постапка и недокажано дело. Апелациониот суд уште истата вечер ги ослободи браќата од притвор. Со првата пресуда три стечајни судијки, стечајна управничка која го водела предметот за хотелот и бизнисмен, беа ослободени од обвинението. Кај нив судот не утврди одговорност. Службеничка од Катастарот беше осудена условно. Двајца адвокати добија по шест месеци затвор, а нотар три. Фирмата на Миладинови чиј содружник е Македонската православна црква, земала кредит од шест милиони евра за реновирање на хотелот, но парите биле употребени за други намени и не биле вратени на банките. Во текот на постапката Миладинови докажаа дека кредитот бил вратен. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

