Македонија
Нов парк во аеродром со импровизирана писта и авион
Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов зелен парк наречен „Аеродром“ на кејот на реката Вардар во населбата Ново Лисиче во близина на мостот Близнак.Со школката од авион што ќе биде поставена во централниот дел на паркот на импровизирана осветлена писта во должина од стотина метри, паркот ќе претставува симбол и препознатливи место на општината.„Сите знаат дека некогаш во овој реон постоел аеродром, а и општината денес го носи тоа име, од каде потекнува идејата за изградба на ваков симболичен парк“ – рече градоначалникот Ивица Коневски на денешната прес конференција.Според проектот паркот ќе се простира на површина од 35 илјади метри квадратни со две детски игралишта со детски реквизити, плато и бина за одржување на разни манифестации, маси и клупи во зеленилото, пет чешми, пешачки патеки и осветлување со канделабри.До паркот се предвидени пристапи преку шест влеза, два од булеварот АСНОМ и четири од велосипедската патека на кејот, а предвидена е и изградба на паркиралиште.Според Коневски, паркот ќе донесе трикратен бенефит. „Граѓаните ќе добијат ново зелено катче за одмор и рекреација, а Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина, бидејќи во неа има 28 метри квадратни блоковско зеленило по глава на жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8, 5 квадратни метри по глава на жител. Со паркот ќе се облагороди овој, со години наназад запуштен простор и ќе им се оневозможи на несовесните граѓани да го користат како дива депонија и ќе се спречат пожарите што повремено се случуваа поради сувата трева“ – рече Коневски. крај/ к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

