Контакт

Македонија

Министерот Тодоров се појави на протестот на професорите

Објавено пред

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров дојде на протестот на универзитетските професори, кои протестираа против неговиот предлог за измени на законот за високо образование

dobivaj vesti na viber

Појавувањето на министерот предизвика големо изненадување кај професорите, кои не очекуваа дека тој набрзо ќе се соочи со нив, за лично да разговара за предложените измени. Повеќе од стотина професори, со транспаренти „Автономија на универзитетот-без компромис“, заедно ја пееја универзитетската химна „Вива академија“.„Протестот го организираме со цел да укажеме на континуираниот атак кој се прави врз автономијата на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите универзитети. Она што е особено важно е што Ректорот не ја почитува одлуката на Сенатот. Ректорот е должен да ја почитува одлуката на Универзитетскиот Сенат, за текстот на законот да се повлече и да се пристапи кон изготвување на нов закон за високо образование. Тоа е единствената цел и единствениот заклучок кој произлезе од Универзитетскиот Сенат“, рече универзитетскиот професор Гордана Бузаровска. Таа додаде дека е многу  невкусно што Ректорот отстапува од она што значи „првична поддршка на универзитетските професори поради некои пазарења со надлежниот министер во однос на Претседател на Сенат“.Министерот Тодоров на протестот рече дека дошол лично да ги слушне забелешките на професорите и да докаже дека нема намера да се крие или да избегнува дебата во периодот во кој се уште се разговара за законот.„Слушнав многу критики, многу добронамерни сугестии, голем дел од тие сугестии ги прифатив и ги вградив во законот, еден дел од тие сугестии се реални и за тие сакам да разговараме. Има и критики кои велат дека е нарушена автономијата, а јас не можам и не знам со кој дел од законот тоа се прави“, рече Тодоров и додаде дека од професорите според него се бара редовно да ја одржуваат својата настава.„Знам дека дел од нив го прават тоа, но има и еден мал процент кој тоа не го прават и не сакам да дозволиме да нема ни минимален процент кои не им дозволуваат на студентите да имаат таква привилегија да ги слушнат нивните предавања и од прва рака да ја научат областа за која се едуцираат. Барам поголема отчетност од универзитетите, да имаме униформен извештај во кој посебно ќе видиме кој е начинот на кој се трошат средствата од партиципацијата на студентите и дали е тоа во правец на подобрување на наставата, дали се враќаат тие средства или не. Во законот има и одредби кои ќе оневозможат непотистички вработувања, кои ќе оневозможат роднините на професорите да се вработуваат на универзитетите. Затоа сакав да чујам кои одредби точно им пречат на професорите“, рече тој.Само еден час претходно, околу 50-тина студенти, организирани од Студентскиот парламент при УКИМ,  протестираа на истото плато на скопскиот универзитет за да изразат поддршка за предлог-законот за измени на Законот за високо образование, предложен од министерот Тодоров.Професорката Гордана Силјановска од Правниот факултет, денеска беше единствена од професорите, која јавно кажа дека треба да се видат добрите и лошите страни на предлогот.„Не може професорите да ја завршат кариерата со еден или ниту еден објавен труд, со некомпетитивност, значи ние мораме да се соочиме и со самите себе. Доаѓањето на министерот овде е извонреден потег, не знаев дека министерот е професионалец во боречки вештини, но еве можеби тоа е дел од борењето, јас ова го сметам за одличен потег и еве ако сакате рака за дијалог“, рече Силјановска.Таа рече дека решила наместо да се вклучи во јавните препукувања на релација професори – министер, до Тодоров доставила свој коментар во кој детално ги анализира предложените измени и ги образложува своите критики и сугестии за нив. Тој веќе и соопштил дека во таа насока има неколку интервенции во работната верзија на текстот.„Сега е време ние да седнеме, да ги испратиме нашите конкретни забелешки, наместо оценки и квалификации, и министерот исто така да влезе во дијалогот и да се најдеме заедно – студентите и професорите. Не ми е познато професорите да штрајкуваат на едно место, а студенти на друго место, затоа и стоев малку настрана, но со студентите, ми беше срам да заминам од нив“, рече Силјановска за Макфакс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Објавено пред

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

dobivaj vesti na viber

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет1 час

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет3 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија5 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија6 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет6 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет7 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет8 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет9 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет10 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет13 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија15 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет16 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет17 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет22 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...