Македонија
Милошоски не полета за Подгорица, неизвесна средбата со Друцас
Шефот на македонската дипломатија, кој денеска треба да учествува на неформален министерски состанок во Будва, сеуште не отпатувал за Црна Гора, поради магла на аеродромот во Подгорица, информираат од Министерството за надворешни работи за „Макфакс“.Поради ова, неизвесно е дали и кога ќе се одржи средбата со шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, која првично беше предвидена да се одржи во 12:00 часот.Доколку условите на аеродромот во Подгорица дозволат, Милошоски во текот на денот ќе отпатува за Црна Гора, велат од МНР. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Предновогодишен концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов в петок на „Боемска“
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември, организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот на „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов по што ќе следува „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на ‘Нокаут’ и запејте ги ‘Фатална опсесија’, ‘Лебедот бел’, ‘Телефонскиот број не постои’, ‘Илјада причини за крај’. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на ‘Боемска’. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
В среда, 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада, каде што граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез-верзија на македонските евергрини од „Искра Србиновска квартет“, но и да пробаат греено вино и печени костени.
Македонија
(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.
Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.
„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.
Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен, единствен и незаменлив градоначалник – Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите други, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
Македонија
Воведена забрана за камиони и на патот кон Попова Шапка
Поради снегот воведена е забрана за камиони и на патот Тетово-Попова Шапка.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Претходно забрана беше воведена и на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, која се уште е во сила.