Македонија
Прво јавно сослушување за вонправни екстрадиции на ЦИА во Македонија
Во петок (4 февруари) во 9:30 часот, врвен истражувач за човекови права ќе сведочи на суд во полза на тужбата поднесена против Македонија од страна на Калед ел Масри, чии застапници тврдат дека е жртва на програмата за вонправни екстрадиции на ЦИА
Ова ќе биде воопшто едно од првите отворени сведочења на суд за случај на вонправни екстрадиции.Клара Гутериџ, соработник на Иницијативата за правда при Институтот отворено општество и реномиран експерт за вонправни екстрадиции, ќе ги опише наодите од нејзината истрага во „рутата на вонправната екстрадиција“ на ЦИА која беше користена за трансфер на Калед ел Масри и граѓанинот на Обединетото Кралство, Бинјам Мохамед, во таен притвор. Во соработка со групата за човекови права Reprieve со седиште во Лондон, Гутериџ објави детали за рутата на летање и за престојот на тимот на ЦИА во Палма де Мајорка, Шпанија – пауза за одмор и рекреација во рутата.Бидејќи судовите во САД одбија да го разгледаат случајот на Ел Масри и другите, користејќи ја доктрината за државна тајна, судските постапки во Скопје ќе понудат редок јавен увид во тајната програма на ЦИА.На крајот на 2003 г., македонските агенти го киднапирале Ел Масри, германски граѓанин од автобус и 23 дена го држеле во заложништво без судски налог, обвинувајќи го дека е член на Ал Каеда. Тие потоа го предале Ел Масри на тимот за вонправни екстрадиции на ЦИА, кој пак го одвел во Авганистан, каде бил притворен и измачуван четири месеци. И покрај обемните докази за нивната соработка, владите на САД и на Македонија јавно негираат каква и да е вклученост во неговото киднапирање.Иницијативата за правда при Институтот отворено општество исто така поднесе тужба во име на Ел Масри пред Европскиот суд за човекови права. За основни информации, погледнете ја веб-страницата со резимето на случајот, Ел Масри против Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

