Македонија
Рикер: Вашата демократија треба да се справи со кризата во парламентот
Македонските институции се тие кои треба да се соочат со кризата која постои во парламентот во моментов, порача американскиот амбасадор Филип Рикер по вечерашната средба со премиерот Никола Груевски.Според Рикер, медиумите, судството и парламентот се областите во земјава што се соочуваат со проблеми во моментов.„Јасно е дека има криза во македонскиот парламент во моментов. Вашите институции, вашата демократија ќе треба да се справи со тоа. Тоа е моето гледање на работите и се разбира тоа ќе го рапортирам во Вашингтон. Очигледно е дека ми требаат малку повеќе факти во врска со ситуацијата во парламентот. Амбасадата ќе продолжи да го мониторира ова бидејќи тоа е она што амбасадите го прават“, рече Рикер.Рикер за состојбата во Македонија ќе ги информира американските власти следната недела, за време на неговиот престој во Вашингтон. Вели дека вечерашната средба со премиерот Груевски се одржала на негово барање, во согласност со вообичаената пракса да се сретне со властите пред патувањата во Вашинготн. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

