Македонија
РЕКОМ ќе го забрза процесот на помирување во поранешна Југославија
РЕКОМ може да го забрза процесот на помирување на просторот на поранешна Југославија и да ги поттикне властите во сите држави да се забрзаат судските процеси за воени злосторства направени во војните од 1991 до 2001-та на просторот на екс- Југославија.
Oва е заклучокот на околу 50 претставници на здруженија на немнозински заедници како и претставници на Национални совети на немнозинските заедници од сите земји на поранешна Југославија кои денеска учествуваа на Регионалните консултации за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и тешките кршења на човековите права на просторот на поранешна Југославија од 1991 до 2001 година (РЕКОМ) во Скопје.Според Ратко Гајица, пратеник и претставник на српската заедница во Хрватскиот парламент, моделот за утврдување на фактите од воените злосторства и тешките кршења на човековите права од војните во поранешна Југославија е добар и упатува кон помирување.„Мислам дека оваа иницијатива мора да се случи и охрабрен сум поради тоа што таа се случи порано од тоа што очекував. Мора да се случи најмногу поради вистината и правдата меѓу државите како и мирот пред се меѓу нормалните луѓе и обичните граѓани“, изјави Ратко Гајица, пратеник и претставник на српската заедница во Хрватскиот парламент.Шаип Камбери од Косово, градоначалник на општината Бујановац, Србија, смета дека најлоша варијанта е да се применува селективна правда во процесот на помирување, но дека семејствата на жртвите и исчезнатите имаат доверба во РЕКОМ и се надеваат дека вистината ќе се однесува на сите.Претставникот на Советот на ромите во БиХ, Дерво Сејдиќ, смета дека припадниците на немнозинските заедници најмногу настрадаа за време на војните.„Мојата сопруга загина за време на војната од граната и ми остави две мали деца. Затоа сметам дека извршителите на воени злосторства мора да се казнат. Кога станува збор за жртвите, бројките се најмалку важни, но важно е на семејствата на жртвите со процесуирање на судските процеси и казнување на извршителите да им олесни барем малку. Оваа Иницијатива заслужува многу поголема поддршка од меѓународната заедница.“, изјави Сејдиќ .Учесниците дадоа и конкретни забелешки за Нацрт-Статутот на РЕКОМ којшто сè уште е во изработка а треба да се усвои на Осмиот меѓународен форум за транзициска правда кој во март годинава ќе се одржи во Сараево.Иницијативата за РЕКОМ досега е поддржана од над 1000 невладини организиации и поединци од регионот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

