Македонија
Осман Кадриу: Мораме да обезбедиме целосно независна судска власт
Не смее да има мешање во судската власт и ние како држава мора да обезбедиме целосно независно судство, порачува претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Осман Кадриу во неделното интервју за Радио слободна Европа
„Најмногу забелешки има во однос на ажурноста, пристрасноста на судството, како и одредени девијантни појави што мора да признаеме дека ги имаме, како корупцијата, судење надвор од разумните рокови, а има индикации дека во одредени постапки има и судење врз основа на политички диктат, со што се нарушува интегритетот на судската власт, се нарушува оној важен принцип што е подвлечен и во нашето право и уставно уредување, дека судската власт е рамноправна со другите две власти, извршната и законодавната, без право другите власти да се мешаат во судската. Ако ние имаме мешање во судската власт, тогаш судството не е независно, а оваа борба треба да се добие на тој начин што ние како држава мораме да обезбедиме да имаме една целосно независна судска власт“ вели Кадриу.Според него проблем во Македониjа е тоа што имаме донесено пакет закони од областа на судството, но тие се уште не се спроведуваат во целина и тоа според него ги кочи реформските процеси во судството и судската власт.Тој детектира повреда на уставниот принцип, презумпција на невиност.„Спектакуларните апсења се непотребни и притворот претставува рестриктивна меркa и мора да се води сметка за дословно да се почитува законската одредба, кога притворот е нужен, неминовен, потребен. Кога овие права се повредуваат, тогаш се разбира настапува сериозна штета за тие лица и нивните семејства“ вели Кадриу.Во врска со законот за лустрација, Кадриу вели дека првото прашање што се поставува и на кое треба да дадеме одговор како држава е тоа дали навистина сакаме да ја спроведеме лустрацијата како што треба или преку законот за лустрација сакаме да постигнеме одредени политички цели.„Во ред е ако станува збор за лустрација спрема тие лица кои ги злоупотребиле човековите права, но другиот одговор може да биде исто така фатален, ако лустрацијата не се спроведе или се спроведе еднострано, или може да има и друга заднина, дали во овој процес ќе бидат опфатени лица кои немаат врска со лустрацијата па сега и нив да ги жигосаме, што исто така би претставувало сериозна повреда на човековите права“ додава Кадриу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

