Македонија
Јанкулоска не знае дали Мијалков присуствувал на средбата Груевски – Рикер
Министерската Гордана Јанкулоска вели дека нема информација дали на средбата на премиерот Никола Груевски со амбасадорот Филип Рикер присуствувал директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков
За одговор на ова прашање, министерката Гордана Јанкулоска, упати во Владата, каде што се одржувала средбата.„По однос на состаноците што се одржуваат во Владата, односно кои ги одржува Премиерот, јас мислам дека најдобро е прашањата да ги поставите во Владата. Зависно од проблематиката, темата на одредена средба, се организираат состаноци од страна на протоколот и јас немам информација кој присуствува на тие средби, немам информација дали лицата кои ги наведувате присуствувале на тие средби. Затоа не би сакала да шпекулирам, мислам дека е најупатно да се јавите во Владата за ова прашање“ изјави Јанкулоска.Премиерот Никола Груевски во петокот имаше средба со американскиот амбасадор Филип Рикер. По средбата тој изјави дека медиумите, судството и парламентот се областите во земјава што се соочуваат со проблеми во момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

