Македонија
ЛДП го повикаа Вељановски да создаде услови за враќање на опозицијата
Либералдемократите денеска го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да ги создаде сите можни услови за да се вратат опозициските партии во Собранието, во споротивно тие сметаат дека единствен институционален излез се предвремени избори.
„Го повикуваме Вељаноски да направи се што може за да ги повика назад политичките партии. Се согласувам дека главниот проблем е кај Владата и тој треба да се конслутира со својот партиски шеф, бидејќи така функционира. Во спротивно ЛДП смета дека единствен институционален излез од политичката криза е распишување на предвремени парламентарни избори“, изјави пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП.
ЛДП остануваат во Собранието зашто, како што рече Жерновски, решението ќе го бараат во институциите на ситемот.
Според него најголемите манипулации се прават кога се бојкотира работата на законодавниот дом.
„ЛДП има солидно искуство во бојкотирање, преку тоа искуство можам да кажам дека најголемите манипулации се случиле во тој период. ЛДП ги бојкотираше изборите во 2004 година, тогаш владата на Бранко Црвенковски сама раководеше четири години со Собранието и се случија низа злоупотреби. Да потсетам тогаш беше и онаа фамозна приватизација. Бојкотиравме и во 2008 година кога ВМРО – ДПМНЕ донесе над 150 закони во Собранието меѓу кои и Деловникот за работата на Собранието и затоа ние повикуваме да се вратат политичките партии, но се разбира Владата да созаде соодветни услови“, истакна Жерновски.
Претседателот Вељаноски за денеска имаше закажано координациска средба на која требаше да се разговара за актуелните собраниски случувања, но координаторите на пратеничките групи од опозицијата не се појавија. Тој нејзино продолжение закажа за попладнево./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

