Македонија
МНР: Да се избегнува патување во Египет

Македонските граѓани да избегнуваат патување во Египет во наредниот период поради насилните протести и демонстрации што се одржуваат во земјата, препорачуваат од Министерството за надворешни работи. Од МНР препорачуваат граѓаните кои веќе се оваа северноафриканска земја, да го почитуваат полицискиот час што трае од 15:00 до 08:00 наутро и ограничувањата воведени од египетските власти. „Аеродромот во Каиро, иако со нарушен распоред на летовите, останува отворен. Телефонските врски сè уште се несигурни, а интернет нема воопшто. Советуваме туристичките агенции да подготват враќање на испратените од нив македонски туристи во Египет. На македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Египет, а на затекнатите таму да се подготват за напуштање на државата“, соопштуваат од МНР.Досега асистенција за враќање во земјава помош од македонската амбасада во Каиро побарале 34 граѓани. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.