Македонија
Тодоров : Измените на законот нема да ја нарушат автономијата на универзитетот
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека ќе им ги образложи на сенаторите сите измени од предлогот за изменување на законот за високо образование, и дека истиот нема да ја наруши автономијата на универзитетот
„Цврсто сум убеден дека сите овие измени се во функција на подобрување на квалитетот и ниту една од овие одредби нема да предизвика проблеми, колапс или во ниту еден случај нарушување на автономијата на универзитетот“, рече Тодоров.На прашањето зошто во медиумите се промовираат измените на законот кој не е поминат во собраниска процедура, Тодоров, рече дека тоа е со цел, граѓаните подобро да се информираат однапред.„Рекламирањето постфестум е квалитетно, но мислам дека овој начин на информирање на граѓаните има цел за една поширока јавна дебата на оваа тема. Тоа е врвна демократска придобивка и мислам дека било која критика на оваа придобивка доаѓа од страна на оние коишто се авторитарно ориентирани и не се научени да дебатираат за определени прашања“, рече министерот Тодоров.Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ денеска не расправаше за предлог измените на Законот за високо образование, иако првично беше најавена како точка на дневен ред.Според ректорот на универзитетот, Велимир Стојковски, точката е симната од дневен ред поради тоа што измените на законот се во работна верзија, но и поради тоа што министерот за образование, Никола Тодоров најавил дека ќе ги образложи измените пред Сенатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

