Контакт

Македонија

Караџоски најави тужба за Селами

Објавено пред

Директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски ќе поднесе тужба против претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами за клевета, сметајќи дека зад хајката против него стои лице од самото претпријатие

dobivaj vesti na viber

„Да се изнесуваат клевети и  да се  изнесуваат невистини е преголема одговорност за една ваква институција. Со оглед на тоа што јас не сум обичен човек, сепак станува збор за една политичка фигура, осум години бев пратеник, ова јасно укажува дека некој сака да ме деградира како личност и уште повеќе сака да им наштети на мојата чест и углед. Јас немам друг начин освен сето ова да го докажам на суд, поточно да го повикам Илми Селами тоа што го тврди да го докаже на суд и за сево ова ќе се гледаме на суд кога ќе ја поднесам тужбата за клевета“,  рече директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко .Караџоски. Тој се сомнева дека го мести некој од јавното претпријатие, бидејќи бил прв директор кој го прекинал незаконското работење на многумина.„Ме мести некој овде во јавното претпријатие. Тоа можам најодговорно да го кажам, не можам да речам ВМРО или СДСМ, немам докази, не знам кој е човекот, но ме местат оние на кои што им влегов на некој начин во еснафот и им прекинав голем дел од незаконското работење во ова претпријатие. На многумина им ги скратив задоволствата и јас сум првиот директор на претпријатие кој што има и казнето и избркано од работа и суспендирано. Најверојатно не сум поскапуван бидејќи држам до дисциплина и работам чесно“ вели Караџоски.Тој ги отфрла наводите на ДКСК дека потрошил околу 11.500 евра за ручеци и вечери и направи споредба со претходните години, колку пари тогаш биле потрошени за вакви потреби.Според него во споредба со минатите години почнувајќи од 2008 г. бил потрошени многу помалку пари за услуги во споредба со минатата година. Според него, за 2010 г. не биле потрошени 11.500 евра за угостителски услуги, туку 10.000 евра.„Во исто време напоменувам дека приходите на јавното претпријатие во трите овие години се движи околу две милијарди денари. За да се каже дали некој е домаќин или недомаќин во работењето, не може да се каже врз основа на само една ставка од расходите, која што не учествува ниту со еден отсто во рамките на вкупните приходи. Би било за критика доколку претпријатието работи со загуби, доколку не ги подмирува обврските кон државата, не дава плати, доколку не ги подмирува обврските кон добавувачите“, вели Караџоски.Тој вели дека антикорупциската комисија требало да направи анализа на документацијата во претпријатието и само врз основа на докази да изнесува вакви наводи. „Ова требало да го направи антикорупциската комисија, а за ова да го направи не им тежеше ниту на членовите на ДКСК да направат увид, а не да ги базираат своите информации врз основа на една претставка“ вели Караџоски.Тој тврди дека овие фактури за угостителски услуги не се фиктивни и вели дека не биле исплаќани по шест, седум фактури на ден, туку дека се работело за книжење. „Не станува збор за никакви фиктивни фактури, туку за реализирани реални фактури. Овие фактури не се ни платени, како може некој да испумпа пари, а притоа да не се ни платени тие фактури“ вели Караџоски. Тврди дека не земал надоместок за користење на приватно возило, како што тврди ДКСК, како и дека за потребите на претпријатието користел само службено возило. Тој најави дека ќе биде направена ревизија, а работењето на претпријатието и овој извештај најави дека ќе го достави до ДКСК, а ќе го изнесе и пред јавноста. Државната комисија за спречување на корупција покрена иницијатива за разрешување на директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски.Според документацијата со која располага ДКСК, јавното претпријатие потрошило околу 11.500 евра за ручеци и вечери. За артикли за репрезентација, само во 2010 г. биле потрошени околу 6.500 евра. Покрај вообичаените артикли за репрезентација биле набавени и скапи алкохолни пијалаци, најчесто виски. Спроед истите наводи , араџоски заедно со неговиот возач, Љупчо Здравески примале пари како да патувале со службено возило на релација Скопје – Прилеп, иако патувале со приватно возило. За ова им биле исплатени околу 850 евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

dobivaj vesti na viber

Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа

Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа

Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа

Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

Објавено пред

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.

Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.

„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.

„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

Објавено пред

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет7 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет14 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет14 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет15 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет16 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...