Македонија
Маневски: Ќе соработуваме со ЕУЛЕКС во потрага по исчезнатите
Министерот за правда Михајло Маневски денес се сретна со шефот на мисијата на ЕУЛЕКС Ксавијер Бот де Марњак и договорија соработка околу потрагата на исчезнатите лица во Македонија и потпишување на неколку договори.
„Договоривме да се воспостават контакт точки меѓу Еулекс и правда во врска со постапката околу исчезнатите лица и таа соработка ќе биде исклучително корисна во утврдување на факти и околности околу ова прашање кое подолго време е присутно во Република Македонија”, изјави министерот Маневски по средбата. Тој нагласи дека разговарале и за потребата за соработка во попречувањето на организираните облици на кривични дела како што се трговија со луѓе, трговија со дрога криумчарење мигранти, трговија со оружје. Веќе се утврдени три нацрт договори за соработка и тоа за соработка во меѓународната правна помош, договор за трансферот на осудените лица и договорот за екстрадиција. Овие договори се подготвени и се очекува со формирањето на владата на Република Косово да бидат потпишани од министрите за правда. Исто така на средбата се разговарало и за склучување на уште еден договор за соработка во граѓанската материја од типот на разрешување на имотните прва и имотните односи , семејните односи, односи меѓу родителите и децата.
По средбата шефот на мисијата на ЕУЛЕКС Ксавијер Бот де Марњак рече дека двете држави и Еулекс имаат заеднички интерес на владеење на правото. /крај/км/мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

