Македонија
Законот за лустрација изгласан во првo читање
Во отсуство на пратениците од повеќето опозициски партии, парламентот со 63 гласа „за“ и двајца „против“ ги изгласа измените на Законот за лустрација, во прво читање
Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски пред гласањето повторно ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во Парламентот, и како што рече, да учествуваат во гласањето на важни закони.Со измените се предвидува да се зголеми временскиот опфат, т.е. законот да важи од август 1944 година сè до траењето на Законот. Ќе биде зголемен и опфатот на лица што ќе бидат лустрирани зашто ќе важи и за уредниците и новинарите во медиумите, членовите на МАНУ, медијаторите, адвокатите, лицата од високообразовните институции и од политички и верски организации.Со измените се уредува и основањето и надлежноста на Комисијата за верификација на факти како и постапката на лустрирањето пред Комисијата и судот за утврдување несоработка со органите на државната безбедност и правните последици од таквата соработка.До Комисијата за лустрација ќе се доставуваат само оригинални документи. Комисијата ќе води регистар кој по лустрацијата ќе го достави до Државниот архив на РМ за да има податоци доколку некое лице во иднина биде избрано за носител на јавна функција.Доуредени се и одредбите во однос на составот на Комисијата, начинот на избор и мандатот на претседателот и заменик–претседателот, се професионализира вршењето на функцијата член на Комисијата за верификација на факти и ќе се продолжи примената на Законот – од пет години од денот на влегувањето во сила на Законот на десет години од денот на изборот на составот на Комисијата за верификација на факти.Пратеникот Стојан Андов кој е предлагач на законот за лустрација, посочи дека законот не треба да биде усвоен без консензус.Вели дека кога се гласал Законот за лустрација, во двете фази било гласано со консензус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

