Македонија
Мартиновски:Референдумот е основен механизам за решавање на спорот за името
Референдумот на кој што граѓаните ќе излезат и ќе се изјаснат останува како основен механизам државата да прифати одреден предлог за надминување на спорот за името.
Ова денеска за Макфакс го изјави владиниот портпарол Мартин Мартиновски, при тоа додавајќи дека овој принцип останува и во иднина.
„Она што во повеќе наврати е кажано и од самиот премиер, како и од други државни претставници, е дека пред НАТО Самитот во Букурешт во 2008 година, македонската страна го прифати предлогот кој што тогаш беше даден од медијаторот Нимиц, се разбира доколку биде прифатен и од грчката страна, да се стави на референдум и за него да се изјаснат граѓаните на Република Македонија, онака како што е запишано и во самата програма по однос на ова прашање“, изјави Мартиновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски со студентите од Факултетот за безбедност: Вие, вашето знаење и вашите вештини ѝ потребни на Македонија
Министерот за внатрешни работи денес присуствуваше на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност – Скопје, а претходно со преостанатиот дел од студентите го испи традиционалното академско кафе, кое се одржува секоја година со студентите и професорите на Факултетот.
Тошковски им честита на студентите што одлучиле својата животна професија и знаењата да бидат поврзани со безбедноста и ги покани да ги имплементираат во институциите што се грижат за безбедноста на Македонија.
„Би сакал да ви порачам дека сето она знаење што го имате стекнато во рамките на Факултетот за безбедност го имплементиравте токму во Македонија. Вие сте им потребни на македонските институции и на Македонија и би сакал да повикам секого од вас кој има за желба да продолжи да функционира и да ѝ го стави на располагање своето знаење на татковината во институциите што се поврзани и имаат потреба од кадри со ваков вид образование. Ќе има многу огласи во иднина во рамките на МВР и другите институции поврзани со безбедноста и ве повикувам да учествувате во рамките на сите овие огласи со цел да може да ги искористиме вашето знаење и капацитетите во рамките на институциите со цел да создаваме нормална држава со функционални институции. Заедно да се развиваме, да ја развиваме државата во европска со европски вредности какви што сите посакуваме“, им порача министерот Тошковски на студентите.
Тошковски претходно со студентите и професорите на факултетот го испи академското кафе и одговараше на сите прашања од областа на безбедноста, борбата со криминалот и корупцијата, реформите на МВР и безбедносниот систем, а кои ги интересираа студентите и професорите.
Македонија
Јаневска: Нова спортска сала за основците од Црешево
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го поставија камен-темелникот за изградба на новата спортска сала во основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево.
„Учениците ќе добијат модерна и опремена сала, каде ќе можат да ги одржуваат часовите по физичко и здравствено воспитување, кои се многу повеќе од правење вежби и играње кошарка или фудбал за да се добие оценка. Физичката активност е многу важна за нивното здравје, но преку вежбите и спортувањето децата учат и важни животни вештини – како да работат тимски, стекнуваат дисциплина, се учат на издржливост и развиваат чувство за заедница. Некои од нив можат да постигнат и поголеми спортски резултати – впрочем сите славни спортисти почнале од некое основно училиште“, рече Јаневска.
Нагласувајќи дека Министерство за образование и наука во соработка со локалните самоуправи е насочено кон подобрување на инфраструктурните услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, Јаневска посочи дека во текот на владиниот мандат, со повеќе буџетски средства за образование, планирана е изградба на нови 30тина училишни спортски сали во различни општини.
Изградбата на салата во Црешево ќе чини 34 милиони денари, а средствата се обезбедени преку јавниот повик на Владата за распределба на средства за општините.
„Нам ни се важни децата, младината и ќе направиме сѐ за да може секое дете да учи и да се развива, затоа што иднината им припаѓа ним“, потенцираше Јаневска, додавајќи дека со заеднички заложби, локалната и централната власт можат да ги подобрат условите во кои се одвива наставата.
Македонија
Исплатени субвенциите за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година
Од МЗШВ информираат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.
Кон 32.798 земјоделци се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.
Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Дополнително се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз.