Македонија
Советот на Град Скопје расправаше за безбедноста состојба во средните училишта
Советот на Град Скопје на својата петта вонредна седница расправаше за општата безбедносна состојба во средните училишта во град Скопје и ја разгледуваше Информација за настаните од 31.01.2011 година во СУГС “Марија Кири Склодовска“. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го информираше Советот за состанокот којшто тој го одржал со директорите на скопските средни училишта, организиран по последните немили случувања во училиштата „Марија Кири-Склодовска“ и „Браќа Миладиновци“, како и за одржаните средби со Советот на родители во училиштата и со претставниците на месните заедници. На овие состаноци се говорело за тоа како да се спречат ваквите инциденти во иднина и како да се зголеми безбедноста во средните училишта. Меѓу препорачаните мерки од овие состаноци, во насока на зголемување на безбедноста во средните училишта во Скопје, биле посочени наставниците и вработениот персонал да ги зголемат дежурствата во училиштата, училишните ходници и во училишните дворови, да ги зачестат средбите на класните раководители со родителите за полесно да се откријат ризичните групи ученици и со нив да се работи повеќе и слично. Тој информираше дека сите средни училиште (21) што се во ингеренција на Град Скопје имаат видеонадзор, додека 16 од нив имаат и физичко обезбедување и дека Градот Скопје финансиски ќе им помогне на училиштата доколку донесат одлука да ангажираат и дополнително обезбедување. Советот на Град Скопје ги донесе следните заклучоци: 1.Остро да се осудат инцидентните случаи на насилство во училиштата и да се инсистира пред надлежните органи истите да се расветлат2.Да се реализира проектот за психосоцијална програма за справување со насилството во училиштата, допрецизирана како “НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТАТА” предвидена во програмата за активности на градот Скопје во средното образование во 2011 година. 3.Да се спроведе студија за утврдување на потребните стандарди за физичко обезбедување на училиштата на Градот Скопје4.Да се препорача на директорите да ги поттикнуваат класните раководители барем еден класен час во месецот да го посветат на проблемите поврзани со училишните конфликти и насилство. крај/со/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бега од темата Груби и од борбата против корупцијата, рече Петрушевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус.
„Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека партијата наместо да поздрави, како што наведе, „чин на справување со незаконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата“, се занимава со други теми.
„Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој додаде дека актуелното раководство на СДСМ, меѓу кои ги спомена Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, „кажуваат секојдневно некакви приказни“, но дека суштината, според него, е борбата против корупцијата.
„Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна е борбата со корупцијата и криминалот и, како што рече, „поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“.
Македонија
Кардиологија и Кардиохирургија стануваат еден центар: заштедите од спојувањето ќе одат во опрема и едукација, најави Алиу
Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман. Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
На овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.
Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми.
Македонија
Исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, подигнати 3.500 м³ отпад за 100 дена
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.

