Македонија
Професорите бараат мораториум за измените на законот
Доколку Тодоров го повлече неговиот предлог од собраниска процедура и одреден период го стави во мирување, тогаш останува поканата за средба и дискусија помеѓу него и професорите, заклучи денеска Универзитетскиот Сенат на УКИМ на својата вонредна седница. „Ако министерот се повлече од предлогот, односно го повлече од собраниска процедура, тогаш останува нашата покана за средба и дискусија за предложените измени во законот,“ рече за Макфакс, Владимир Петрушевски, професор на Природно-математички факултет и Сенатор во Универзитетскиот Сенат.Министерот Тодоров денеска директно не одговори дали ќе го одржи првичното ветување и ќе присуствува на Универзитетскиот Сенат закажан за овој петок и дали ќе го прифати предлогот на професорите да разговара со нив.„За мене не е битно дали поединци, па дури можеби и групи, сметаат или одбиваат да прифатат дека професорот треба да држи предавање, сметаат дека професорите не треба да се бават со наука, што е еден од основните услови за подигнување на квалитетот на образованието и сметаат дека јавните универзитети не треба да даваат отчет за тоа како се трошат средствата од студентите. За мене е битно каква Македонија ќе имаме за 10 години, за мене е битно дали мојата генерација ќе биде дел од таканаречената „загубена генерација“ на транзицијата или ќе успееме Македонија да стане развиена држава во која ќе има брз економски и општествен развој“, рече тој.За професорите пак ова се само изговори кои министерот ги прави за да одбегне директна средба со нив и да ги образложи најавените измени. „Тоа се глупости и изговори“, рече Петрушевски за Макфакс.Предложените измени на законот за високо образование беа прифатени од Владата и тие влегоа во законска процедура. Професорите повторно се изненадени од ваквата постапка на министерот, особено откако тој на нивниот протест ја прифати отворената покана од универзитетските професори да дојде оваа недела на закажаната седница на Сенатот и пред нив да го одбрани својот предлог. По усвојувањето на измените од страна на Владата, за предлогот треба да расправа и одлучува и Собранието.Голем дел од академската заедница влезе во отворен конфликт со Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, поради неговиот предлог за измени во законот за високо образование, кои вклучуваат построги критериуми за станување доцент, асистент и професор, објавување на повисок број научни трудови, отчет на јавните универзитети пред Собранието и јавноста, самоевалуација на професорите итн. Дел од професорите измените ги сфатија како упад во автономијата на универзитетите. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бега од темата Груби и од борбата против корупцијата, рече Петрушевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус.
„Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека партијата наместо да поздрави, како што наведе, „чин на справување со незаконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата“, се занимава со други теми.
„Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој додаде дека актуелното раководство на СДСМ, меѓу кои ги спомена Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, „кажуваат секојдневно некакви приказни“, но дека суштината, според него, е борбата против корупцијата.
„Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна е борбата со корупцијата и криминалот и, како што рече, „поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“.
Македонија
Кардиологија и Кардиохирургија стануваат еден центар: заштедите од спојувањето ќе одат во опрема и едукација, најави Алиу
Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман. Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
На овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.
Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми.
Македонија
Исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, подигнати 3.500 м³ отпад за 100 дена
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.

