Македонија
Уставен ги запре активностите околу ДУП „Стара железничка станица“
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за донесување на изменување и дополнување на Деталниот Урбанистички План (ДУП) „Стара железничка станица“ и изврши привремена мерка со која ги запре сите активности во овој дел од општина Центар
За Судот, одлуката за донесување на измените и дополнувањата на ДУП – от е донесена во скратена постапка, што значи дека ги немало сите фази на постапката на донесување на Деталниот урбанистички план, како на пример нацрт на планот и не е завршена до 31 декември 2009 година, до кога морало да се заврши, доколку била носена во скратена постапка.„Бидејќи не е завршена до тогаш, туку во август 2010 година, кога повеќе не постоеле законски можности за донесување на измени и дополнување на деталните урбанистички планови во скратена постапка, судот оцени дека така водената постапка нема основа во законот за просторно и урбанистичко планирање“ – велат од Уставниот Суд.Иницијативата за разгледување на одлуката на општина Центар со која Јужен булевар треба да стане подземна сообраќајница со деловни објекти и катни гаражи ја поднесе професорот Мирослав Грчев во септември минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

