Македонија
За една недела 2.539 нови заболени од грип
Минатата недела биле регистрирани нови 2539 случаи на заболени од грип што е за 45 , 8 отсто повеќе во споредба со неделата пред тоа, информираат денес од Секторот за превенција и контрола на заразните болести.
Според извештајот најголем број на заболени во минатата недела биле пријавени во Прилеп, Куманово, Скопје, Охрид и Струмица а најголем дел од заболените се од 15 до 64 годишна возраст.
Со новите регистрирани случаи вкупната бројка на заболени во оваа сезона на грип достигна 10937 случаи на грип.
Во текот на оваа сезона на грип во последните скоро шест месеци вкупно шест лица починаа од грип.
Во соседните земји е забележено зголемување на бројот на заболени од грип, од кои 17 лица починаа во Хрватска а во Србија девет лица
Во поголемиот број на земјите од Европа вирусот продолжува да се шири, велат податоците на европскиот билтен „EuroFlu“ на Светската здравствена организација.
Се очекува заболувањето и во наредните месеци да го одржува трендот на пораст, имајќи ги во предвид искуствата од претходните години, кога ова заболување било присутно со висок интензитет и распространетост во месеците февруари и март, велат од секторот за превенција и контрола на заразните болести./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

