Македонија
Управниот инспекторатот месечно обработува и по 50 претставки од граѓаните
Државниот управен инспекторат просечно обработува од 42 до 50 претставки месечно поднесени од граѓани кои се пожалиле на работата на некој државен орган.
Со цел зголемување на транспарентноста на државните институции, Државниот управен инспекторат заедно со Министерството за информатичко општество и администрација како и Британската амбасада во Република Македонија го промовираа прирачникот и започнаа со обука на јавни службеници за примена на Законот за постапување по претставки и предлози.
„Во зависност од содржината на претставката и од предметот на кој таа се однесува, Државниот управен инспекторат поведува постапка. Таа постапка може да се состои во тоа што едноставно се обраќаме до органот кој затаил да одговори на барањето на одредена странка, односно не го решил барањето во предвидениот рок или пак во определни случаи поведуваме постапка, односно вршиме вонреден инспекциски надзор. Врз основа на наодите утврдени во записникот од извршениот инспекциски надзор, донесуваме конкретно решение со кое го задолжуваме надлежниот орган да постапи согласно законските прописи“ изјави Деребан.
Обуките претставуваат дел од проектот за зголемување на транспарентноста и одговорноста на државните институции, финансиран од Британската амбасада во Македонија.
„Пресреќен сум заради тоа што овој проект ќе им помогне и на државните службеници и на државните институции подобро да го објаснат Законот за постапување по жалби и претставки и да им го објаснат подобро на граѓаните, но и самите граѓани да имаат јасна информација кои се нивните можности, кои се инструментите коишто можат да ги искористат според овој закон, исто така да ја увидат транспарентноста и отвореноста на целиот процес“ вели Ивон.
Основна цел на прирачникот за спроведување на Законот за постапување по претставки и предлози е да им помогне на институциите во Македонија ажурно и ефикасно да постапуваат по претставките што се поднесени до нив од граѓаните.
„Во рамките на проектот е планирано до 15 март 2011 да бидат одржани девет обуки во кои ќе бидат опфатени 450 службеници кои се овластени од државните институции да постапуваат по претставки и предлози. Обуките ќе бидат фокусирани на новините на законот, целите и вредностите што се постигнуват со неговата примена за подигање на степенот на доброто управување и приближување на јавната администрација до граѓаните“ рече министерот Ивановски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.
Македонија
Филипче за Груби: Сè е договорено
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.
„Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината. На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор? Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето коешто јас го поставив – кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија – премиерот не одговори. Избегна да одговори затоа што одговорот не му одговара. Секогаш е дефокус – Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа. Тоа одговара премиерот. Недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води Владата и државата.“ рече Филипче.
Тој потенцираше дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите.
„Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, нагласи Филипче.
Додаде дека наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

