Македонија
Месечно се обработуваат до 50 претставки од граѓаните
Државниот управен инспекторат просечно обработува од 42 до 50 претставки месечно поднесени од граѓани кои се пожалиле на работата на некој државен орган
Со цел зголемување на транспарентноста на државните институции, Државниот управен инспекторат заедно со Министерството за информатичко општество и администрација како и Британската амбасада во Република Македонија го промовираа прирачникот и започнаа со обука на јавни службеници за примена на Законот за постапување по претставки и предлози.„Во зависност од содржината на претставката и од предметот на кој таа се однесува, Државниот управен инспекторат поведува постапка. Таа постапка може да се состои во тоа што едноставно се обраќаме до органот кој затаил да одговори на барањето на одредена странка, односно не го решил барањето во предвидениот рок или пак во определни случаи поведуваме постапка, односно вршиме вонреден инспекциски надзор. Врз основа на наодите утврдени во записникот од извршениот инспекциски надзор, донесуваме конкретно решение со кое го задолжуваме надлежниот орган да постапи согласно законските прописи“ изјави Деребан.Обуките претставуваат дел од проектот за зголемување на транспарентноста и одговорноста на државните институции, финансиран од Британската амбасада во Македонија.„Пресреќен сум заради тоа што овој проект ќе им помогне и на државните службеници и на државните институции подобро да го објаснат Законот за постапување по жалби и претставки и да им го објаснат подобро на граѓаните, но и самите граѓани да имаат јасна информација кои се нивните можности, кои се инструментите коишто можат да ги искористат според овој закон, исто така да ја увидат транспарентноста и отвореноста на целиот процес“ вели Ивон.Основна цел на прирачникот за спроведување на Законот за постапување по претставки и предлози е да им помогне на институциите во Македонија ажурно и ефикасно да постапуваат по претставките што се поднесени до нив од граѓаните.„Во рамките на проектот е планирано до 15 март 2011 да бидат одржани девет обуки во кои ќе бидат опфатени 450 службеници кои се овластени од државните институции да постапуваат по претставки и предлози. Обуките ќе бидат фокусирани на новините на законот, целите и вредностите што се постигнуват со неговата примена за подигање на степенот на доброто управување и приближување на јавната администрација до граѓаните“ рече министерот Ивановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

