Македонија
Министерот за правда нема да биде член на Судскиот совет
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, доставија иницијатива за уставни измени во делот на Државниот завод за ревизија и Судскиот совет, а измените според собранискиот спикер ќе значат исполнување на препораките од ЕК
Со измените се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите и преиспитување на правото за повторен избор на членови на Судскиот совет. Исто така се предлага и изземање на членовите по функција од Судскиот совет, односно министерот за правда и претседателот на Врховниот суд, да не бидат дел од ова тело. Бројот на судии во Судскиот совет би изнесувал десет, наместо осум како до сега.Повикувајќи се на исполнување на препораките од ЕК, со предлог измените на Уставот е предвидено ДЗР да се дефинира како уставна категорија, односно независноста на ДЗР да биде уставно утврдена.„Денеска добив Предлог за измена на Уставот. Предлагачи се повеќе од 30 пратеници. Измената се состои во два дела. Првиот дел е во однос на институционализирање во Уставот на Државниот завод за ревизија и вториот дел во однос на измена на составот на Судскиот совет. Се препорачува од страна на предлагачите измени во Уставот во овие два дела, затоа што согласно препораките од Извештајот на ЕК ние секако треба да ги исполниме тие критериуми“,изјави Вељаноски.Тој посочи дека е потребно да се усвојат предложените уставни измени, за како што рече Македонија во октомври да добие позитивен извештај од ЕК.„ Максимално ќе се заложам да се изменаџира овој процес, во кој што ќе поминат овие уставни измени и мислам дека од страна на сите пратеници, без разлика дали се од власт или од опозиција треба да има и да се покаже свесност да се изгласаат овие уставни измени без оглед на политичките интереси на било која политичка партја“, истакна Вељаноски.Тој упати апел до пратениците од опозиција да се вратат во парламентот, макар за расправата по Уставот и да учествуваат во неа.За уставните измени ќе се расправа на 21 февруари на пленарна седница.За промена на Уставот се потребни најмалку три месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“
На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.
„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.
Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.
Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“
Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.
Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.
Македонија
Филипче за Груби: Сè е договорено
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.
„Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината. На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор? Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето коешто јас го поставив – кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија – премиерот не одговори. Избегна да одговори затоа што одговорот не му одговара. Секогаш е дефокус – Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа. Тоа одговара премиерот. Недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води Владата и државата.“ рече Филипче.
Тој потенцираше дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите.
„Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, нагласи Филипче.
Додаде дека наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

