Македонија
Кочишки и другата управителка од „Перо Наков“ излегуваат од притвор
Поранешната директорка на А1 телевизија, Анета Кочишки и една од управителките на фирмите од „Перо Наков“, Невин Рауф се пуштени во домашен притвор.
Вака денеска одлучи кривичниот совет, по жалбата на обвинителството, двете управителки да останат во истражниот затвор во Шутка.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во врска со жалбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против решението на истражниот судија на овој суд КИОК.бр.62/10 од 08.02.2011 година во истражниот предмет со работен наслов “Пајажина”, донесе одлука со која го потврди првостепеното решение со кое е определен куќен притвор спрема обвинетите А.К и Н.Р“ се вели во соопштението од Основниот суд 1.
Одбраната бараше двете управителки да бидат преместени во домашен притвор поради влошената здравствена состојба.
На оваа одлука обвинителството поднесе жалба, по што кривичниот совет одлучуваше повторно денеска. Во домашен притвор се наоѓа и една од притвореничките која го изгуби плодот во затворот.
Кривичниот совет се уште нема одлучувано по жалбите за притворот на останатите притвореници од случајот „Пајажина“.
Откако истражниот судија одлучи сметката на А1 телевизија да биде одблокирана, во судот е поднесен и предлог од обвинителството, кое што бара повторна блокада на сметката.
Извори од Основниот суд 1 информираат дека целиот предмет е предаден на материјално и финансиско вештачење на биро за судски вештачења, што е дел од истражната постапка./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Граѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата на ДПМНЕ!
„АКТ откри корупциска мрежа, систем преку кој милиони евра пари на граѓаните завршуваат кај фирми блиски до власта преку наместени тендери. Додека тече грабеж на народот каснат исплатите за породилното, доцни поврат на ДДВ, доцни социјалната помош, се намалува буџетот за болните од ретки болести, нема пари за поголеми плати и пензии“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта се богати преку наместени тендери и сомнителни зделки.
Само една фирма добила дури 161 тендер, во вредност од 5,3 милиони евра. Втора фирма инкасирала 9 милиони евра со двајца вработени и отворена лани.
Ова е организирано испумпување на граѓаните на кое мора да му се стави крај! АКТ најавува нова дигитална платформа нова алатка во борбата против корупцијата и криминалот.
Граѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата. Власта ќе ја вратиме назад во рацете на граѓаните.
Не е крај кога ќе каже Мицкоски туку обратно, граѓаните кажуваат кога е крај! Тоа на сите нека им биде јасно! Сите ќе одговарате! Работата не е завршена“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Влен“: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот
„ВЛЕН затвора еднаш засекогаш едно од најголемите поглавја на политичката измама против Албанците: прашањето за правична и соодветна застапеност. Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, денес станува законски, мерлив и применлив стандард“, велат од „Влен“.
„За прв пат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или изборните манипулации, туку е регулирана со јасен, обврзувачки и надгледлив закон. Со овој закон, ВЛЕН ја затвора клучната алка на Охридскиот Договор.
Фактите се неоспорни: Венецијанската комисија, највисокиот европски орган за уставни и правни прашања, исто така даде позитивно мислење за истиот закон. Ова дефинитивно ја побива пропагандата на ДУИ, која со години зборуваше за застапеност, но никогаш немаше храброст, волја и политичка чесност да ја регулира со закон.
ВЛЕН го направи она што другите само го ветуваа. Денес, правичната и соодветната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира вистинска еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на припадноста и без партиски посредници.
Се очекува законот наскоро да влезе во собраниска процедура, а ВЛЕН ги повикува сите пратеници, без исклучок, да се вратат на разумот, одговорноста и јавниот интерес. Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата“, соопшти „Влен“.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.

